Почитувани, ви ги презентираме најактуелните и најбараните ТОП 5 типови на осветлување за 2019-та. Се надеваме ќе добиете некаква инспирација и ќе направите мали, но драстични промени во осветлувањето на вашиот дом.

 

5. Осветлување со алуминиумски канали.

Едни се од почесто користените типови на осветлување е со алуминиумските канали , вградни или надградни. Причината е тоа што немате никакви ограничувања во креирањето форми,позиционирањето ,јачината на светлината или пак бојата на светлината. Изборот е ваш,  а доколку според првичното планирње не е доволна светлината можете во било кој момент да додадете уште  некоја лед лента за да го добиете посакуваниот резултат.Најмногу се користат како главно светло  во дневна соба,спална или ходници, но и  како помошно во вашата кујна или  купатило.

 

 

4.Месингувани лустери (Brass lighting)

Brass-от зема голем замав во дизајнот оваа  година и тоа не само во осветлувањето. Една од причините е тоа што многу лесно се вклопува со многу нијанси од крем па до  сивкасто. Најчесто месингуваните лустери се користат како главно декоративно светло во дневна,терпезарија или кујна. За се почестата употреба на ваков вид лустери е виновен винтаж трендот и се поголемото влијание на mid-century modern дизајнот.

 

 

 

3.Модерни и минималистички ЛЕД лустери

Хромирани,бели,кафеави ги има во секакви нијанси за да одговараат на секаков ентериер. Едноставни за одржување и чистење,достапни во секакви форми. Достапни се  во повеќе големини со можност избор на различна јачина на светлина, приспособлива за потребите за вашиот дом! Тоа се само мал дел од предностите кои ги нудат овие лустери и затоа се се поголем избор на многу млади клиенти. 

 

2. Spot lights

За спот осветлувањето можеме да пишуваме цел ден. Најпрактичното, нај тренди, едно од најзастапените светла во моментот. Вградни, надградни , за на шина, за на ѕид, за на таван. Можат да се користат буквално секаде. Се повеќе расте нивната употреба дури и како главно светло,можноста да се спојуваат шините во било која форма и неограниченот број на светла е причината за тоа. Можат да се користат  во кујна,терпезарија, ходници или гардаробери.

 

 

1. Sculptural Lighting

Кажете му збогум на традиционалниот дизајн на светилки !
Денешното модерно осветлување можеме да го карактеризираме како скулптури, форми и дизајни кои и пркосат на гравитација за да создадат нов тип на осветлување, функционални и уметнички дела истовремено. Овој растечки тренд ги надмина сите стилови и видови на осветлување во моментот.

Од елегантни лустери до подни и столни масички, скулпторското осветлување може да се додаде каде било во домот. Елегантни, минимални и апстрактни, овие светилки ги прифаќаат неограничените можности за создавање уметност и светлина во дует.

 

Скулпторското осветлување може да се вклучи во кој било модерен естетски дизајн. Со оглед на нивната функционална природа, скулпторските светла имаат можност да ја внесат уметноста во современиот дом без да создадат непотребен неред. Без разлика дали вашето живеалиште е урбано катче, модерен дом од средниот век или минималистичко дизајниран стан, скулпторското осветлување додава карактер и визуелен интерес кој го одзема здивот на секој што ке влезе во вашиот дом.

 


 

овој текст е објавен во категоријата совети и едукација за правилно осветлување и ги користи следниве клучни зборови: лед осветлување, лед сијалици, лед ламби, лед, лустер, лустери, продавница за осветлување, led osvetluvanje, led lambi, led sijalici, luster, lusteri, prodavnica za osvetluvanje strumica, osvetluvanje, dnevna soba, terpezarija, spalna, kujna

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s